Во единствениот женски дуел во генерација родени 2006/2007 кој вчера се одигра во рамки на 3.коло од Јуниор лигата тимот на РК Делчево Вардар триумфираше во средбата со РК Ново Лисиче Вардар од Скопје со резултат 15-10.
Дуелот почна со по еден гол за почетни 1-1, потоа делчевки врзаа два погодока за предност со 3-1. Токму тие беа клучни да заминат на одмор со два предност, потоа се играше гол за гол, двата тима погодија по четири пати. На паузата РК Делчево водеше со 7-5. Во вториот дел скопскиот тим направи одлична серија 0-3 и го презема водството поведувајќи со 7-8. Тимот од истокот на земјава не се помири со тоа влезе во пеколна серија и напави целосен пресврт, на крајот победувајќи дури со пет гола позитива. РК Делчево триумфираше со резултат 10-15.