Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар ќе “презими“ во Топ-3, денес минимално поразени во Струга на дуел во кој заморот од вчерашното дерби со Металург беше наш непријател
ЖРК Вардар ќе “презими“ во Топ-3, денес  минимално поразени во Струга на дуел во кој заморот од вчерашното дерби со Металург беше наш непријател

ЖРК Вардар ќе “презими“ во Топ-3, денес минимално поразени во Струга на дуел во кој заморот од вчерашното дерби со Металург беше наш непријател

Денес ЖРК Вардар гостуваше во Струга, кај тимот на Стружанка во последното коло од Суперлигата. На оваа средба заминавме видно изморени од вчерашниот дуел со Металург каде победивме со пресврт, се играше во предпладневен термин па девојките мораа да патуваат многу рано што беше отежнителен момент. Сепак бевме поразени само со еден гол 30-29, и покрај ова ние ќе “презимиме“ во топ-3 бидејќи истиот ривал го совладавме со два гола во Скопје.

a2

Натпреварот почна со наше водство од 0-1, а потоа и од 1-3. Успеавме потоа и да ја зголемиме предноста на три гола кога поведовме со 6-9 на ова средба. Првиот дел беше многу ефикасен голем број голови видовме на двете страни во првите 30.минути. Домаќинот успеаа да изедначи на 15-15 и да ја врати неизвесноста.  Потоа следеше пад во нашат игра кој го искористи ривалот и поведе со 20-17, во последните 5.минути успеавме да ја ублажиме негативата и заминавме со гол негатива на одмор 21-20.

a

Вториот дел беше далеку по неефикасен во однос на првиот период. Домаќинот постојано имаше гол-два предност но ние се враќавме во игра и изедначувавме. Во финишот влеговме со негатива 29-28, за жал промашивме пенал. Се одбранивме и изедначивме на 29-29, но и тука промашивме контра за водство. Ривалот казни погоди за 30-29 и оствари победа.

Кај нас  на оваа последна суперлигашка средба Јована Трајкоска имаше 13 одбрани, Трпевска Ивона постигна 8 погодоци.