Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Есенска круна за “хероините“, младинките на ЖРК Вардар лидери на табелата за време на паузата
Есенска круна за “хероините“, младинките на ЖРК Вардар лидери на табелата за време на паузата

Есенска круна за “хероините“, младинките на ЖРК Вардар лидери на табелата за време на паузата

За црвено-црните дами од ЖРК Вардар со мечот во средата во Чаир заврши есенската полуетапа во младинската лига. Избраничките на Симовски, Ристова и Царчев одигаа одлична есен, особено во последните три кола каде играа реми со конкурентот Куманово, а си пресврт го победија дома ривалот Металург, и триуфираа кај ЖРК Чаир.

26

Девојките кои оваа есен одиграа дури 23 официјални дуели од кој 14 во Супер лигата со серија повредени и со згуснат распоред успеаа да станат “Есенски шампиони“ во младинската конкуренција. Тие ќе “презимат“ како лидери со 25.бода пред тимовите на Куманово и Металург, главните конкуренти за “насловот“.  Тимот фунционира беспрекорно во младинската лига,  каде имаат гол позитива 171+ односно во просек постигнуваат 19 голови повеќе од противниците.  Куманово и Металург имаат во посек 14гола повеќе од ривалите  со кои играле, односно 5 помалку од црвено-црните “хероини“. Во продолжение табелата и резултатите од оваа есен.

 h8 h9