Со 11 победа во СЕХА-лигата, вардарци триумфално ја завршија година. На последниот натпревар во 2018 година беше совладана екипата на Стеауа Букурешт со резултат 30:34. Вардар имаше и највисока предност од 12 гола на овој меч, но сепак тренерот Парондо им даде шанса за настап и на младите играчи кои беа во составот за овој дуел, додека најголем дел од играчите и се запишаа во листата на стрелци. Најефикасни беа Поповски со 10 и Кисељев со 9 голови, кои имаа одличен процент на реализација.
Погледнете ги најинтересните моменти од овој натпревар.