Жрк Вардар несомнено мисли на својата иднина. Откако во редовите на црвено – црниот шампион дојде Теодора Керамитчиева, една од најголемите талент на женскиот ракомет, (моментално игра во Жрк Вардар 2) денес официјална потврда ни стигна од нашиот клуб, дека и Сара Ристовска доаѓа во ЖРК Вардар. Ристовска има 19 години, и е едно од најголемите перспективи на Македонскиот ракомет. Несомнено Ристовска ќе биде огромно засилување за тимот на Вардар.
Сара потпиша четиригодишен договор со ЖРК Вардар. Сара игра на десната крилна позиција, во тимот на Вардар таму знаеме дека се Радичевиќ и Черноиваненко.
Добредојде Сара!