Русија беше репрезентацијата за која настапија најмногу играчи од Вардар на Светското првенство кое се уште е во тек. Русите го завршија пак мундијалот на 14.место, или една позиција погоре од Македонија. Избраниците на Кокшаров не успеаа да се пласираат во следната фаза и да имаат можност да се борат за медалите или за повисок пласман. Одиграа добир мечеви на мундијалот, но го загубија решвачкиот меч од селекцијата на Бразил.
Што се однесува до придонесот на вардаровите играчи за Русија на овој мундијал, тие успеаа да постигнат вкупно 68 голови за својата репрезентација. Очекувано најдобар стрелец за Русија на ова СП беше Тимур Дибиров кој првенството го заврши со 35 постигнати голови. Од другите играчи на Вардар, Данил Шишкарев успеа да запише 15 погодоци, додека по 9 голови постигнаа Глеб Калараш и Дмитри Кисељев. Сите споменати играчи се веќе во Скопје и утре треба да се приклучат на тренинзите на Вардар.