Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Преглед на машката младинска лига! Вардар со победата ги зголеми шансите за Ф4, Јуниор по поразот ги намали
Преглед на машката младинска лига! Вардар со победата ги зголеми шансите за Ф4,  Јуниор по поразот ги намали

Преглед на машката младинска лига! Вардар со победата ги зголеми шансите за Ф4, Јуниор по поразот ги намали

Викендов се одиграа 8-мите кола во двете машки групи во младинска конкуренција. Во истите свои настапи имаа младите црвено-црни тимови. Забележивме една победа и еден пораз во двата одиграни дуела.

1a

Кадетскиот тим на РК Вардар кој игра во младинската група-1 успеа да победи по голема битка на домашен терен со тимот на РК Работнички. Момците на Будимир и Станковски се во одлична серија тие врзаа четири победи по ред во оваа конкуренција. Со тоа ги зголемија шансите за евенуален Ф4 на крајот од сезоната. Тие имаат 12.бода и ги делат само 4.бода од позицијата која носи место на завршницата. Ова се постигнатите резултати во ова коло:

  •  РК Струга – РК Металург 24 (10): 25 (11)
  •  РК Јуниор К.В.- РК Пелистер  18 (11): 21 (10)
  •  РК Вардар – РК Работнички 32 (15) : 30 (15)
  • РК Радовиш -РК Охрид 2013 24 (11) :38 (18) 

a21-660x330

Во рамки на 8.коло од гупата-2 младиот тим на Вардар Јуниор гостуваше во Автокоманда, тие беа поразени во дуелот со тимот на РК Металург-2. Сепак и покрај овој пораз екипата на Петрушевски  и Манасков сеуште ги задржува шансите за Ф4, икао сега негативата во однос на тимовите пред нас порасна на 7 бода. Ова се одиграните мечеви во нашата група овој викенд.

  •  РК Еурофарм Работник – РК Прилеп 27 (12): 30 (13)
  •  РК Металург 2 - РК Вардар Јуниор  36 (20) :29 (17)
  • ГРК Борец- РК Пролет 62 (неодиграно)
  •  РК Бутел Скопје – РШ КЛ-7 26 (12):36 (19)