Утре со почеток од 12:00 часот ракометниот клуб Вардар ќе одржи прес-конференција за претстојниот дуел од Лигата на Шампионите против екипата на Веспрем. Истата ќе се одржи во прес-конференциската сала на С.Ц Јане Сандански на која ќе присуствуваат тренерот Гарсија Парондо и капитенот Стојанче Стоилов.
Мечот против Веспрем, ЕХФ го одреди за дерби на 12.коло во ЛШ. Истиот ќе се одигра во сабота, во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 17:30 часот. Ова ќе биде директен дуел на две екипи кои се борат за второто место во групата А.