Денес на терените на ФФМ, во второто пролетно коло ФК Вардар генерација 2007 одигра два натпревари. Момците на Филип Спасевски успеаа да дојдат до две и тоа високи и убедливи победи на ова прво коло за нив во детската лига оваа пролет.
Во првата средба ФК Вардар (2) генерација 2007 се сретна со тимот на ФК Викторија, црвено-црните момци во меч со доминантна игра дојдоа до висока победа со три гола предност. Уште по првиот судиски свиреж избранците на Филип Спасевски тргнаа во атак, доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра на овој дуел.
Победата дојде со резултат 5-2 за црвено-црните надежи на овој натпревар. Головите за вардаровиот тим ги постигнаа три различни играчи. Војо Стојановски и Петар Котевски стрелаа по еднаш, апак три гола беа дел а Михаел Јордановски кој денес одигра одличен натревар.
Тимот на Вардар (1) генер. 2007 лесно се справи со екипата на ФК Сарај 1 совладувајќи ја со високи 8-0. Противникот беше ориениран на дефанзива, ние напаѓавме во текот на целиот тапревар и често и погодувавме, па победата беше изразена со високи осум гола позитива.
Како и на првиот дуел така и на овој, стрелци за вардаровата екипа беа тројца различни момци. Вистинско гол-шоу имаше Стефан Младеновски. По еден гол имаа Милош Спасовски и Мичо Поповски.