Овој викенд започнува плеј-офот во женската Супер лига, веднаш во првото коло не очекува дербито на земјава. Девојките на Симовски, Ристова и Царчев гостуваат во Автокоманда кај сино-белите ривалки.
ЖРК Металург ќе не пречека во сабота, 30-ти март со почеток во 16 часот и 30 минути. Во плеј-оф лигата покрај овие две екипи свое место имаат Пелистер, Куманово и Стружанка. Ќе се играат десет кола во кои секогаш еден тим ќе биде слободен поради непарниот број на учесници во ова фаза.