Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > Slider > Веспрем се враќа во СЕХА, од идната сезона нов формат со две групи по 6 тима
Веспрем се враќа во СЕХА, од идната сезона нов формат со две групи по 6 тима

Веспрем се враќа во СЕХА, од идната сезона нов формат со две групи по 6 тима

Во екот на актуелниот Ф-4 турнир  во СЕХА лигaта, соопштени се плановите за нејзината иднина. Па така веќе  од следната сезона регионалната лига  ќе има 12 екипи, тие во  т.н  регуларниот дел ќе бидат поделени во две групи. Голема новина е старо-новиот член на лигата, унгарскиот гигант Веспрем тим покрај Вардар ќе биде аспирант за круната.

Во идната сезона  12-те екипи  ќе сочинуваат во две групи по шест,  па така и ќе се намали вкупниот број натпревари, кој сега  ќе биде 14. Оваа измена е со цел да им се олесни на клубовите, да можат да играат и домашните првенства и европски купови, но и да зе избегне настапот со комбинирани тимови. Тимовите од иста земја ќе бидат во различна група. Првиот човек на ова натпреварување, Михајло Михајовски соопшти дека иако посакувал не успеал да го донесе тимот на П.Сегед што вели дека ќе му се одмазди на актуелниот унгарски шампион, веќе во двомечот со Вардар во 1/4-финалето од елитната ЛШ.