Вардар потврди дека е најдобриот тим на Балканот, откако успеа во големото финале на СЕХА-лигата да го победи тимот на Загреб и на тој начин да го освои дури петтиот трофеј во ова натпреварување. Секако честитки за доминацијата на црвено-црните имаше од сите страни, а честитка пристигна и од ЕХФ за третиот последователен трофеј на Вардар. Нашиот шампион има шанса да стигне и до нов хет-три, што се однесува до пласманите на завршниот турнир во Келн, а последна пречка кон остварување на првичната цел ќе биде екипата на Пик Сегед.