Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Жрк Вардар јуниор броеше до 41, во првото коло на супер лигата
Жрк Вардар јуниор броеше до 41, во првото коло на супер лигата

Жрк Вардар јуниор броеше до 41, во првото коло на супер лигата

Втората екипа на Жрк Вардар на најдобар можен начин ја стартуваше новата сезона во супер лигата. Противник во првото коло беше тимот на Прилеп, натпревар кој се одигра во малата сала во Јане Сандански и заврши со убедлив триумф на Вардар јуниор. Конечниот резултат гласеше неверојатни 41:10 за црвено-црните, кои одиграа одличен натпревар.

Интересен податок на овој меч е тоа што во второто полувреме гостинките од Прилеп успеаа да постигнат само три голови.  Во текот на целиот меч имавме постојано водство, кое како одминуваше дуелот се повеќе се зголемуваше. За прв пат имавме двоцифрена предност во 20 минута, кога поведовме со 15:5. До крајот на првото полувреме, ние постигнавме седум голови а Прилеп само два. На пауза се замина со резултат 22:7.

Интересен беше стартот на вториот дел, кога противникот постигна самоп три голови и тоа до 50 минута од мечот. Во последните 10 минути, не успеаа ни еднаш да ја совладаат неверојатната Нина Ладева, која го заврши мечот со дури 24 одбрани. Конечниот резултат беше изразен во 31 гол разлика во корист на Вардарки. Ова е голем триумф за избраничките на Симе Симовски на стартот од супер-лигата, кој треба да им даде дополнителен мотив и потик за уште подобри игри и резултати во продолжение од лигата. Тренерот им даде шанса за настап на сите ракометарки кои му беа на располагање. Интересно е што сите со исклучок на Бојаџиска успеаа да се запишат во листата на стрелци.

Убедливо најефикасна беше Наташа Нолевска со 9 постигнати голови. Марија Прленда и Ангела Тодоровска постигнаа по 5 голови.