Пионерките на ЖРК Вардар по осум кола имаат максимални 24.бодови во лигата, што ги прави најуспешен пионерски колектив во земјава, покрај доминацијата во нашата група тие имаат подобар скор и од лидерот во другата група. Во последното коло на домашен терен во дуелот кој требаше да биде дерби му одржаа ракометна лекција на второпласираниот тим на Металург.
Девојките на Платон и Папуџиева дојдоа до победа со двојно повеќе голови од ривалот. Ние уште по првиот дел најавивме победа кога имавме седум гола повеќе (12-7), во вториот само рутински го доведовме дуелот до победа со резултат 26:13. Црвено-црните дами едноставо оваа пролет играат како по ноти. Ние нормално сме сигурен патник на Ф-4 турнирот, покрај нас од нашата група ќе иде уште еден тим. Тимовите на Металург и РК Делчево Вардар со 16.бода се претенденти на таа позиција. Ова се постигнатите резултати во Групата-1 во ова 8.коло.
* ДЕЛЧЕВО ВАРДАР – ЃОРЧЕ 29:8 (10:1)
* ВАРДАР – МЕТАЛУРГ 26:13 (12;5)
*КУМАНОВО – ГРК ГОСТИВАР 29:11 (14:6)
Во другата група сигурен тим кој ќе игра на Ф-4 е екипата на ЖРК Стружанка со 24.бода, вториот патник се бара помеѓу тимовите на ЖРК Сани кој има 16.бода, и екипата на Нова Тим која има три помалку. Ова се резултатите постигнати во пионерската група-2 во 8-то првенствено коло.
*НОВА ТИМ – СТРУЖАНКА 10:18 (4:8)
*ФЕНИКС – САНИ 8:11 (4:4)
* ВЕЛКОВА 5 – ВИНДА 23:13 (11:4)