Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > НА НОВА ТИТУЛА МИРИСА, ВАРДАР ГО ПОБЕДИ МЕТАЛУРГ И Е НА ЧЕКОР ДО ОСВОЈУВАЊЕ НА КРУНАТА
НА НОВА ТИТУЛА МИРИСА, ВАРДАР ГО ПОБЕДИ МЕТАЛУРГ И Е НА ЧЕКОР ДО ОСВОЈУВАЊЕ НА КРУНАТА

НА НОВА ТИТУЛА МИРИСА, ВАРДАР ГО ПОБЕДИ МЕТАЛУРГ И Е НА ЧЕКОР ДО ОСВОЈУВАЊЕ НА КРУНАТА

На натпревар со многу пресврти, Вардар успеа да го победи Металург и да стигне на чекор до освојување на нова шампионска титула.

Иако се чинеше дека Вардар имаше контрола на резултатот во првото полувреме, сепак гостинот од Автокоманда на одмор замина со позитива од три гола. Мечот со гол го отвори Поповски, по што следуваше игра гол за гол на двете страни, а првата предност противникот ја имаше кога поведе со 3:4, откако црвено-црните не реализираа два напади. Следеше еден наш добар период во кој се истакна голманот на Вардар, Калифа Гедбан кој одбрани неколку удари, а Вардарци влегоа во серија од 4:0, откако погодува Поповски, Калараш, Шишкарев и Војводиќ. Наместо да се одлепиме од противникот, му дозволуваме да врати со серија од 0:3 и да израмни на 7:7. Недановски беше играчот кој ја прекина лошата серија и ни донесе ново водство од 10:9, додека во игра ги видовме и Стоилов, Чупиќ и Карачиќ. Со погодоците на Стоилов и Горбок, Вардар имаше водство од 14:12, но во последните 7 минути од првиот дел, нашиот шампион постигна само еден гол, додека Металург дури шест, за на полувреме да имаат предност од 15:18.

По пет минути игра во вториот дел, Вардар преку Кисељев намали на само еден гол, а имавме и напад за израмнување, но не успеваме да го искористиме, додека Металург казнува и зголеми на 18:20. Не искористуваме нови два напади за израмнување, најпрво Поповски промаши, односно Дупјанчанец му брани, додека Шишкарев ја губи топката, а гостинот казнува од контра-напад за ново водство од два гола. Конечно успеваме да сврземе два гола и преку Кисељев да израмниме на 22:22 во 42 минута, откако претходно одбрани Гедбан. Алжирецот влегува во серија на одбрани, ние то го користиме и поведуваме со 24:22, откако погоди Стоилов, а благодарение на нова одбрана на Гедбан, стигнуваме и до предност од 25:22. Металург не се предаде и повторно го внесува мечот во неизвеснот, при наша предност од 26:24, следуваат три гола во серија за противникот, со кои ја враќаат предноста на 26:27. Каква серија на Металург, откако не искористуваме нов напад, немилосрдно казнува Токиќ кој зголеми на 26:28 на десет минути пред крајот на натпреварот. Бргу враќаме, израмнуваме со голот на Кисељев за нерешени на семафорот, додека Поповски не успеа да погоди за предност. За наша среќа во следниот напад на Металург, одбрани Гедбан, за ние да реализираме преку Стоилов за 29:28. И кога треба да стиснеме, му дозволуваме на гостинот да постигне два гола во серија и да поведе со 29:30 на пет минути пред крајот. Каква неизвесна завршница, најпрво Војводиќ погоди за израмнување, додека Гедбан брани нов удар, а Вардар во својот напад погоди преку Карачиќ за 32:21 на минута пред крајот. Противникот имше два напади за израмнување, но не успева да го совлада Гедбан, па мечот завршува со конечни 32:31.

На овој меч настапивме без Скубе, Кристопанс, Фереира и Дибиров. Во нивно отсуство се истакнаа Кисељев со 8 и Стоилов со 5 гола. Со оваа победа Вардар е многу блиску до одбрана на домашната титула.