Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар покажа карактер и најави дека ќе оди на Куп-финале, падна Стружанка од минус пет до плус пет за само 19.минути во вториот дел
ЖРК Вардар покажа карактер и  најави дека ќе оди на Куп-финале, падна Стружанка од минус пет до плус пет за само 19.минути во вториот дел

ЖРК Вардар покажа карактер и најави дека ќе оди на Куп-финале, падна Стружанка од минус пет до плус пет за само 19.минути во вториот дел

Денес во Јане Сандански, Вардар ја пречека екипата на ЖРК Стружанка во дуел кој е последна контрола за двата тима пред нивиот полуфинален меч во четврток, каде се сретнуваат во 1/2-финалето од Купот. Иако игравме со најсилен состав, Симовски тактички сокри неколку адути дојдовме до победа, по негативата во првиот дел, во вториот период ја прикажавме целата лепеза на црвено-црната моќ. Победата дојде со резултат 24-19.

Гостинот отвори далеку подобро на почетокот поведувајќи со 0-3 на оваа средба. Ние успеавме да се вратиме со два гола, па со голот на Мими Петковска намаливме на 2-3. Првпат изедначивме на 4-4, па одбрани Јована Трајкоска по што во брза контра тргна Ивона Трпевска која стрелаше за реми. За жал ова беше последниот поволен резултат за нас во овој прв дел. Следеше пад во играта на црвено-црните дами противникот заигра далеку поангажирано па ние моравме да се помириме дека на одмор ќе одиме со голема негатива. За време на паузата губевме со цели пет гола, Стружанка водеше 7-12. Сепак во очите на црвено-црните дами се гледаше дека овде не е крајот, дека има што да покажат во вториот период што всушност и го направија.

Вториот дел почна со исти ритам, ривалот успеа да се одлепи на 10-15 по погодок од пенал во 11.минута. Успеавме да намалиме на 13-16 во 12.минута откако пожртувано спаси една топка Ана Марија Коларовска и асистираше прекрасно до Сара Миновска која погоди атрактивно. Потоа по една брза контра погоди Трпевска Ивона за минус три по што повторно бевме во игра. Конечно дојде и изедначувањето во 48.минута по одбана на Илиќ, имавме полу-контра силно се вивна во воздухот Миновска која денес покажа храброст и квалитет и погоди за 17-17. Девојките во црвено-црно се бореа постојано со ривалот, одиграа квалитетно во овој втор дел кој го добивавме од минута во минута. Следеа три неефикасни минути, кои со гол ги прекина Ангела Костовиќ за конечно да поведеме со 18-17 во 22.минута. Миновска денес играше на ниво кое ретко се гледа за едно крило, таа во 26.минута ни донесе предност првпат со два гола погодувајќи за 20-18 најавувајќи победа. Остана малку време до крајот, ние со умна игра ја зачувавме предноста и дојдовме до победа со резултат 24-19. Односно од минус пет во 10.минута напраививме разлика од десет гола повеќе за само 20.минути. Честитки за вака борбената игра до девојките и стручниот штаб на денешниот меч, Симовски и Царчев.

Николиќ Милица имаше седум гола, пет погодоци беа дел на Трпевска Ивона, денес одличната Сара Миновска постигна три гола, колку и бекот Седлоска Андреа. Голманите беа двоцифрени, Илиќ одбрани 13 удари кон нејзиниот гол, Јована Трајкоска сопре 11 топки на ривалите.