Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ШАМПИОНИИИ..!!!! ПИОНЕРКИТЕ СЕ НАЈДОБРИ ВО МАКЕДОНИЈА, СТРУЖАНКА ПАДНА ВО ФИНАЛЕТО, ДУЗИНА ЛИЧНИ НАГРАДИ ЗА ВАРДАРКИ
ШАМПИОНИИИ..!!!! ПИОНЕРКИТЕ СЕ НАЈДОБРИ ВО МАКЕДОНИЈА, СТРУЖАНКА ПАДНА ВО ФИНАЛЕТО, ДУЗИНА ЛИЧНИ НАГРАДИ ЗА ВАРДАРКИ

ШАМПИОНИИИ..!!!! ПИОНЕРКИТЕ СЕ НАЈДОБРИ ВО МАКЕДОНИЈА, СТРУЖАНКА ПАДНА ВО ФИНАЛЕТО, ДУЗИНА ЛИЧНИ НАГРАДИ ЗА ВАРДАРКИ

Тие имаат срце големо како планина, најмали се, пионерките на ЖРК Вардар ама затоа “жнеаат“ титула по титула. Во големото финале во пионерска конкуренција одиграно во Делчево, девојките на Вардар беа подобри од Стpужанка со 20-18 и дојдоа до круна. Браво за оваа екипа која има 12 победи во пионерската лига од толку дуели (1о во групата и два на ф4). Сите честитки и за стручниот штаб Платон и Папуџиева.

 Ние не започнавме најдобро, нашиот ривал отвори со два гола за почетни 0-2. Девојките на Платон и Папуџиева изнајдоа сили и изедначија со серија 3-1 за 3-3. Сепак Стружанка не се предаваше па со два врзани гола повторно ја врати предноста од почетните минути, два гола имаа повеќе на конто,  сеа беше 3-5. Тогаш тие го видоа црвено-црниот пекол, ние заангажирано почнавме да играме во одбраната, во нападот казнувавме, имавме голман на ниво. Тоа донесе одлична серија 6-1, по која го преземавме водството со 9-6. На пауза заминавме со резултат 11-9 за нас.

Вториот дел започна со многу борба, противникот поубаво се снајде и изедначи на 11-11, се беше на почеток двата тима беа со еднакви шанси за титула поради резултатската симетрија. Успеавме во наш тимски стил да повлечеме во сите линии, тимскиот дух е нешто што го краси тимот на Папауџиева и Платон, поведовме со 14-12. Од тука се до крајот бевме решени и не ја дадовме предноста, на крај дојдовме до пехар со резултат 20-18.

Сите девојки вградија свое парче во “мозаикот“ шампионска пионерска круна. За истакувања се три најдобри стрелци: Стефановска Сара имаше 6 гола, сестрите близначки исто така имаа добар скор: Коцева Бојана даде 5 погодока, а Коцева Борјана 4.

Покрај ова имавме и дузина лични награди, Вероника Ѓорѓиевска се најде во идеалната постава на финалето како најдобар голман, таа доби втора награда најдобар голман на цел Ф-4.  Едноставно го потврди квалитетот кој е толку очигледен. Зимското засилувања Сара Стефановска е најдобар лев бек, а пак Бојана Коцева е најдобар среден бек на финалето. Таа ја доби и наградата МВП, најдобар играч на цел турнир.