Денес во Јане Сандански се игра Ф-4 завршниот турнир кај девојките во Јуниор лигата. Финалисти во генерацијата родени 2006/2007 се екипите на РК Будимир Вардар од Скопје и РК Делчево Вардар.
Првиот патник во големото финале го добивме на првиот меч утрово, во истиот РК Будимир Вардар ја совлада екипата на РК Ново Лисиче Вардар со 9-5. Девојките на РК Будимир Вардар доминираа на почетокот од дуелот, тие успеаа да поведат со 3-0 на оваа средба. Потоа се до крајот на првиот дел се играше игра гол за гол, двата тима погодија по три пати во противничката мрежа. На пауза се замина со резултат 6-3 во корист на тимот на РК Будимир Вардар.
Вториот дел почна со два погодока на Будимир, на кој врати еден тимот на РК Ново Лисиче Вардар за резултат 8-4. Во налет беа девојките на Ново Лисиче, сепак за нивна жал не искористија два пенала. Двата удари со нога одлично ги одбрани Галена Димчевска. До крајот немаше многу време за нешто повеќе тимот на Будимир со резултат 9-5 обезбеди финале.
Втор финалист е РК Делчево Вардар, девојките на Горан Велков ја совладаа екипата на РК Кале Вардар Кичево со резултат 14-12. Тимот од Делчево одлично го отвори првиот дел на почетокот создаде голема разлика поведувајќи со 0-4. Нивниот ривал не сакаше да се предаде, па вложи напори и дојде само на гол негатива, намалувајќи на 5-4. Сепак делчевки подобро го одиграа продолжетокот и на одмор заминаа со предност од 8-5.
Вториот дел повторно тимот на Горан Велков подобро го стартуваше, успеа и во овој период да поведе со четити гола предност, 10-6. Тимот на РК Кале Кичево постојано се обидуваше да се доближи на противникот, сепак до крајот успеа само да ја преполови предноста. Тимот на РК Делчево обезбеди финале со резултат 14-12.