Кадетките на Жрк Вардар во сабота ја започнуваат новата натпреварувачка сезона. Црвено-црните ќе настапуваат со две свои екипи во оваа конкуренција, како Вардар и Вардар јуниор. Предводник на оваа генерација, која минатата година се натпреваруваа како пионерки е добро познатата Анжела Платон. Екипата се засили со неколку ракометарки во претстојното лето, една од нив е и Јована Величковска, со која направивме интервју.
1. Го засиливте клубот за новата сезона, какво е чуството да се биде дел од Вардар ?
-Јас сум Јована Величковска и доаѓам од ЖРК Куманово(каде бев последните 4 години). Со доаѓањето во екипата на Вардар, мојот нов клуб во кој оддамна сакам да играм и учествувам во сите натпревари кои ги има и каде што се бори во арената на спортот. На ракометното игралиште обоено со црвено-црната боја се чувствувам воодушевено, среќно, исполнета со желба за игра и преголема љубов кон клубот во моето срце.
2. Какви се првите впечатоци во новиот тим и како сте прифатени во новата средина ?
-Станав дел од една вистинска голема екипа која секогаш се бори за победа и највисокото место на бодовната листа. Како нов играч во екипата наидов на прекрасно добредојде од страна на тренерите и моите соиграчи со кои учевме секојдневно од нашите тренери, кои ни ги приближија најдобрите техники кои се работат во ЖРК Вардар.
3. Имавте доволно време за подготовки, кои воглавно се одвиваа во Скопје. Колку ви помогнаа за да се припремите за почетокот на новата сезона.
-Тренинзите се одвиваа на кејот на Вардар и во спортските објекти со целосна поддршка од тренерите. Со секојдневните тренинзи, вежби, совладување на новите техники, станавме вистинска екипа која ќе може да го претстави црвено-црниот ракометен клуб, Вардар во вистинско светло на спортскиот терен.
4. Новата сезона започнува во сабота, кои се вашите очекувања ?
-Пред нас сега претстои едно големо искушение кои треба сите заедно да го пребродиме и издвојуваме многубројни победи во новата сезона, да го заземеме највисокото бодовно место во претстојната сезона. Мојата најголема желба е да чекорам по патот на многуте големи ракометни имиња во клубот и да допринесам со својот труд, напорните тренинзи и квалитетната игра на теренот, да мојот клуб остане секогаш на највисокото место, вели Јована Величковска.
Звонко Ивановски