Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Спасевски со вардаровата генер. 2006 ја „покори“ Албарса и станаа нови шампиони на Македонија
Спасевски со вардаровата генер. 2006 ја „покори“ Албарса и станаа нови шампиони на Македонија

Спасевски со вардаровата генер. 2006 ја „покори“ Албарса и станаа нови шампиони на Македонија

Трета среќа за генерацијата 2006 на ФК Вардар која успеа денес да победи во големото финале на детската лига. Момците на Филип Спасевски во неверојатен меч, полн со пресврти и возбудувања успеа да ја победи екипата на Албарса (3:2) и да стане новиот шампион на Македонија во оваа возрасна генерација.

4

Мечот го оправда епитетот финале на завршниот турнир во детската лига и двете екипи беа желни за надигрување и победа. Вардар прв успеа да го отвори резултатот на 1:0, откако Алтин Алији успеа мајсторски да прифати топка и со силен удар да го совлада противничкиот голман. Се закани и Албарса, но шутираат крај голот, а во следните минути имаат нова опасна акција за погодок, но одбрани Данстак.

1 2

После неколку обиди, противникот успева да го израмни резултатот на 1:1, после добра акција. Мечот имаше брзо темпо на игра и двете екипи се обидуваа да го загрозат голот. Кај Вардар се обиде Ајетовиќ кој од слободен удар бие над голот. Имавме прилика кога Николовски нафрли од десната страна, а Сековски од прва бие, но брани голманот. Албарса успева да направи резултатски пресврт и да поведе со 2:1, дозволуваме простор за погодок и тоа ни се одмаздува. До крајот на првиот дел се закани и Алтин Алији, кој бие крај голот.

3

Во вториот дел првиот удар го има противникот, но одбрани Данстак. Нов опасен удар за Албарса, но топката оди крај голот. Избраниците на Спасевски креирааат акција, се создаде мешаница, Сековски бие, но неговиот удар е блокиран и топката оди во корнер. Алтин Алији во нова прилика, после нафрлена топка од корнер, Алиси бие со глава, но немаме среќа, топката ја погоди стативата. Во последните десет минути мечот имаше луда завршница. За многу кратко време, црвено-црните прават резултатски пресврт, а играчот на одлука е Алтин Алији, кој со два идентични голови, со удари ниско по земја го матира голманот на Албарса, што значеше целосен пресврт и предност од 3:2.

Противникот не се откажа, нападна, после еден направен прекршок во нашиот голмански простор судијата покажува на белата точка. Каков јунак е само Андреј Данстак, кој му го прочита ударот на противничкиот играч, се фрли на вистинската страна и успева да го одбрани пеналот. Останаа уште три минути за игра, претходно исклучен беше и нашиот тренер Филип Спасевски кој мораше да го напушти теренот. Сепак нашите момци се големи, издржаа јуначки, Албарса немаше можност за нов гол, крај на финалето, Вардар слави победа со резултат 3:2.

8

7

6

На завршната церемонија беа доделени и поединечни награди. За најдобар голман е избран Андреј Данстак, додека најдобар стрелец е Алтин Алији.

Конечно го скршивме „малерот “ после две изгубени финалиња со овој противник, успеавме да ја победиме Албарса и да станеме нови шампиони на Македонија. Она што претходно не им успеа на Кралевски, Арсовски и Јанев, оваа генерација шампионска ја направи Филип Спасевски, млад стратег, за кој ова беше прва сезона како тренер во Академијата на Вардар.

10 11 12 13