Втора Европска титула за екипата на РК Вардар во својата историја. Црвено-црните покажаа уште еднаш дека не е се во парите, не секогаш победуваат финансиски најмоќните, туку дека победува срцето јуначко. Така беше и изминатиов викенд на завршниот турнир во Келн, на кој Вардар успеа во големото финале да го победи тимот на Веспрем (27:24).
ЕХФ подготви посебно видео од прославата на Вардарци и подигнување на скапоцениот трофеј. Како беше тоа скоцкано во една минута, погледнете на линкот, ТУКА.