Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > Slider > Самсоненко: За каков крај зборувате, Вардар треба да почне со работа и за трета Европска титула
Самсоненко: За каков крај зборувате, Вардар треба да почне со работа и за трета Европска титула

Самсоненко: За каков крај зборувате, Вардар треба да почне со работа и за трета Европска титула

Еден од најзаслужните за двете освоени Европски титули на Вардар е секако сопственикот Сергеј Самсоненко, кој во неговата ера откако го превзеде клубот успеа на два пати да се искачи на врвот на Европа. Самсоненко ги отфрла шпекулациите дека доаѓа крајот на Вардар, напротив тој вели декка екипата ќе се подготвува и за трета Европска титула.

-Зошто сите зборуваат за некаков крај на Вардар? Зошто сите мислат дека ја знаат ситуацијата во Вардар? Никој не ја знае ситуацијата најдобро бидејќи сето тоа се само гласини, сплетки… Вистинската информација која е точна е дека освоивме втора титула во третото учество во Келн и не е така лошо бидејќи можевме три од три. Не успеавме лани, па сега Вардар треба да почне со работа за четврто учество во Келн и за трета титула“, изјави Самсоненко после освоената круна.

Очекувањата секогаш се исти, а тоа е пласман на завршниот турнир и напад на скапоценмиот трофеј од ЛШ

-Јас секоја година верувам и очекувам титула. Ние секогаш кога разговараме, секогаш титулата ни е на првото место. Минимумот кој го посакуваме е фајнл-фор и првото место. И вчера разговаравме после мечот со Барселона со момците дека сите беа воодушевени. Тие потрошија многу емоции на еден таков меч од минус седум да се дојде до плус два. Во второто полувреме имавме плус девет. Таков еден натпревар особено на Ф4 троши многу емоции и мораше да стават полнач за да ги наполнат батериите за денеска да ги имаа емоции и играа добро, истакна Самсоненко.