Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > Slider > Дибиров во изјава за руски медиум потврди: Останувам во Вардар, ситуацијата е многу подобра
Дибиров во изјава за руски медиум потврди: Останувам во Вардар, ситуацијата е многу подобра

Дибиров во изјава за руски медиум потврди: Останувам во Вардар, ситуацијата е многу подобра

Продолжуваат позитивните вести во таборот на Европскиот ракометен Шампион. И во следната сезона ќе биде зачуван дел од „костурот“ на тимот кој успеа по втор пат да ја освои Лигата на Шампионите.

Откако Скубе во интервју за словенските медиуми изјави дека останува во Вардар и во новата сезона и дека ситуацијата во клубот е подобра, со изјава за руски медиум се јави и левото крило, Тимур Дибиров кој го потврди останувањето во Вардар.

Следната сезона ќе ја поминам во Вардар. Клубот ќе биде спасен, а ситуацијата е многу подобра, истакна Дибиров за медиумите во неговата родна земја.

Ова се добри вести за Вардар, кој ги задржува оние најискусните играчи во своите редови. Со сигурност и следната сезона во црвено-црните дрес ќе ги имаме истите играчи на крилните позиции. После заминувањето на Милосављев се бара алтернатива на голманската позиција, а рускиот репрезентативец, Сергеј Горпишин кој игра на позицијата пикер е засилувањето кое претходно беше договорено и кој треба да се приклучи на Вардар.

Во наредниве денови треба да има и информации за другите играчи, кои сме сигурни дека ќе го предолжат претстојот во клубот, а кој и не би посакал и понатаму да игра за шампионот на Европа.