Фудбалскиот клуб Вардар во текот на вчерашниот ден започна со подготовки за новата натпреварувачка сезона. На првиот собир, шефот на стручниот штаб сметаше и на играчи од младинската школа на Вардар. Со оглед дека клубот има забрана за трансфери во наредните две години, како и поради заминувањето на неколку интернационалци, факт е дека празнината мора да биде потполнета со играчи од младинскиот погон
Со екипата тренираат: Матеј Андов, Марио Младеновски, Фитор Реџепи, Стефан Наумчески, Мустафа Јусуф, Давид Велковски, Филип Манасиевски, Марко Стојчески, Антонио Божиноски, Јовица РадевскиАлександар Ѓурковски, Леонид Игнатов и. Азер Омерагиќ
Тука не ги споменуваме, Бојан Димоски, Али Адем, Бојан Колевски и Џемал Ибиши, кои и минатата сезона беа дел од првиот тим, а имаа забележано настапи во ПМФЛ.