Мораес Фереира помина три одлични години во Вардар, а бразилецот се уште не може да ги заборави добрите моменти во клубот.
На својот инстаграм профил, Мораес Фереира сподели слика, после големата победа против Веспрем и освојувањето на втората Европска титула. На постот коментираше и Кристијан Дисингер, кој напиша, „Единствен бразилец со два Европски трофеи“.
Фереира во новата сезона ќе настапува за екипата на Веспрем, која е во група со Вардар, така да повторно ќе го видиме во Скопје, но на спротивната страна. Сепак Вардар и во новата сезона ќе има “бразилски шмек„, а тоа е Хозе Гиљермо Де Толедо кој доаѓа од тимот на Висла Плок.