Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Женската Супер ракометна лига ќе се игра во две групи, шампионот ќе се добие на Ф-4
Женската Супер ракометна лига ќе се игра во две групи, шампионот ќе се добие на Ф-4

Женската Супер ракометна лига ќе се игра во две групи, шампионот ќе се добие на Ф-4

 Женската ракометна Супер лига  во  новата сезона  ќе има неколку нови екипи, постојната  лига ќе се зголеми речиси за 50% оваа година. Новите пријавени клубови се Ѓорче Петров, ЖРК Алушовски, Кале Скопје, Чаир и Илинден Кузман Вардар. Сепак, постои веројатност за уште екипи со оглед на тоа што и Аеродром најавуваше настап во Женската лига.  Овие пет тимови се приклучуваат во лигата каде што од лани остануваат Металург, Куманово, Вардар, Пелистер, Стружанка, Деспина, Гевгелија, Спартак, Цемс и Овче Поле СУ.

Поради значајно зголемениот број на екипи, кои речиси двојно се повеќе од пред минатата сезона најверојатно ќе се игра првенството во две групи. Причината е големиот број на екипи и потребата да се обезбедат судиски парови за вака голем број на мечеви во време кога постои дефицит в судиската ракометна фела. Сеуште нема конечна одлука од федерацијата, но нивните прелиминарни размислувања се во насока на тоа дека треба  тимовите да се поделат во група-1 и група-2. По крајот на т.н регуларен дел најдобрите ќе атакуваат на трофеј, кој најверојатно ќе се додели по одигран завршен Ф-4 турнир. Останува времето пред нас да покаже дали федерацијата ќе се реши за ваков расплет на настаните, што е доста веројатно во оваа консталација на настаните.

Исто така можно е најдобрите екипи од лани да бидат носители при ждребувањето, како би се избегнале дисбалансирани групи  каде во едната би биле сите фаворити, а другата би била значајно послаба. Вардаровиот состав  кој оваа сезона ќе го предводат од клупата Ристова и Црвенковска секако би бил во таа група  на носители бидејќи заврши на позицијата број три во лигашкиот дел.