Светската „куќа на ракометот“ -ИХФ денеска ги соопшти деталите за претстојното издание на Супер Глоуб. Годинава Супер Глоуб купот има 10 екипи. Конкуренцијата, ИХФ, реши додатно да ја засили, повикувајќи и трета европска екипа. Станува збор за германскиот претставник, тимот на Кил.
На првиот ден на турнирот, на 27 август ќе се одиграат две т.н 1/8финални квалификациски средби. Ќе играат Кил против Сиднеј и Ал Мухдар против Њујорк. Потоа ќе се играат 1/4 финални натпревари, полуфиналето и на крајот битката за пехарот. Наградниот фонд е повторно голем, шампионот ќе добие 400.000 долари, 250.000 се заменети за тимот кој ќе заврши на второ место и 125.000 за трето место.
Списокот на десет екипи кои ќе настапат на ова неофицијално клупско светско првенство, изгледа вака:
Вардар, Барселона, Замалек, Таубате, Ал Духаил, Ал Вехда, Кил, Сиднеј, Ал Мухдар и Њујорк