Репрезентацијата на Македонија на ЕХФ-шампионатот во Литванија вчера загубија од Швајцарија, во еден дуел во кој не можевме да парираме. Црвено-жолтите младинки имаат скор од еден пораз и еден триумф, па судбината ќе се решава во утрешното, третто коло. Високата победа во 1.коло се покажа како доста битна во оваа ситуација, во која ние и литванките имаме по два бода по две кола.
Вчера домаќинот Литванија се измачи, но сепак триумфираше над Грузија, екипа која ние лесно ја совладавме. Грузијките имаа постојано водство и доминација во првиот период, сепак на одмор се замина со резултатска симетрија 10-10. Домаќинот во вториот дел успеа да го скрши отпорот на ривалот и победи со резултат 15:21. Она што е битно за нас е дека во моментов Македонија има подобра гол разлика, тоа дава можност за нас во четврток да обезбедиме полуфинале и со реми. Дуелот во четврток кој е клучен за полуфиналето ќе се игра со почеток во 18-00 часот.