Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > За прв пат во СЕХА лигата ќе гледаме екипа од Кина, дебитанти се уште и Мотор Запорожје, Еурофарм и Татабања
За прв пат во СЕХА лигата ќе гледаме екипа од Кина, дебитанти се уште и Мотор Запорожје, Еурофарм и Татабања

За прв пат во СЕХА лигата ќе гледаме екипа од Кина, дебитанти се уште и Мотор Запорожје, Еурофарм и Татабања

Новата сезона во СЕХА-лигата својот старт ќе го има на 3 и 4. септември, а наскоро треба да се знае и распоредот на одигрување натпревари.

Новитет ќе биде тоа што екипите за прв пат во историјата на ова натпреварување, ќе бидат поделени во две групи. Повторно ќе гледаме квалитетни натпревари, а СЕХА лигата и оваа сезона ќе биде екстра квалитетна. Самото враќање во СЕХА, на Веспрем, говори за квалитетот на истата, а Вардар ќе се обиде да стигне до својот шестти трофеј.

За прв пат ќе гледаме и екипа од Кина, се работи за Пекинг Спорт, додека дебитанти во ова натпреварување се уште и екипите на Мотор Запорожје, Еурофарм Работник и Татабања од Унгарија, додека место не доби тимот на Извиѓач од БиХ.

Вардар ќе биде во група со екипите Нексе Нашице, Татран Прешов, Војводина, Татабања и Мотор Запорожје. Другата група ја сочинуваат Еурофарм Работник, ППД Загреб, Мешков Брест, Веспрем, Металопластика и Пекинг Спорт.