Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Нов систем во СЕХА-лигата, учесниците на Ф4 турнирот ќе се бараат меѓу победниците во 1/4 финалните двојки
Нов систем во СЕХА-лигата, учесниците на Ф4 турнирот ќе се бараат меѓу победниците во 1/4 финалните двојки

Нов систем во СЕХА-лигата, учесниците на Ф4 турнирот ќе се бараат меѓу победниците во 1/4 финалните двојки

Со нетрпение се очекува стартот на осмата сезона во СЕХА-лигата, во која Вардар ќе влезе како актуелен освојувач на истата.

За прв пат во историјата на оваа лига ќе гледаме поинаков систем на натпреварување, каде екипите ќе бидат поделени во две групи. Вардар ќе биде во група со екипите Нексе Нашице, Татран Прешов, Војводина, Татабања и Мотор Запорожје. Другата група ја сочинуваат Еурофарм Работник, ППД Загреб, Мешков Брест, Веспрем, Металопластика и Пекинг Спорт.

Промени има и во начинот на тоа, како екипите ќе обезбедат пласман на завршниот турнир. Првопласираните две екипи од групите ќе обезбедат директен пласман во четврт-финалето, додека останатите екипи од двете групи ќе разигруваат во плеј-офот. Потоа ќе се формираат четврт-финалните двојки, а победниците од истите ќе играат во полуфиналето, односно на завршниот турнир во СЕХА-лигата. Вардар има пет трофеи во лигата, Веспрем два, додека ППД Загреб еден трофеј.

67177685_10158282201830348_4592748249193906176_n