Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ристова ќе прозива на 7.август, ЖРК Вардар ќе ги „пали моторите„ во неполн состав
Ристова ќе прозива на 7.август, ЖРК Вардар ќе ги „пали моторите„ во неполн состав

Ристова ќе прозива на 7.август, ЖРК Вардар ќе ги „пали моторите„ во неполн состав

Женскиот ракометен клуб Вардар на 7ми август ќе ги стартува подготовките за новата сезона 2019/2020. Првиот собир ќе го имаат девојките во домот на црвено-црните, спортскиот центар „Јане Санадански“ во Скопје.

Драгана Ристова која е нов кормилар ќе прозива за првпат како прв тренер на Суперлигаш. Таа нема да ги има сите девојки на располагање бидејќи голем дел од вардарките ќе бидат на ЕХФ Шампионатот М-17 во Италија. Истите по нешто повеќе од недела потоа ќе се придружат на колешките кои ќе го започнат процесот на подготовки.

Помошник на Ристова ќе биде Билјана Црвенковсска. Таа заедно со Ристова ќе ги предводат црвено-црните дами во новите предизвици кои ги очекуваат на три фронта: Супер лигата, младинската лига и Купот на Република Македонија.