Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки поразени од Ѓер. Дали немањето квалитени мечеви во домашниот шампионат си го зема данокот? (ФОТО)
Вардарки поразени од Ѓер. Дали немањето квалитени мечеви во домашниот шампионат си го зема данокот? (ФОТО)

Вардарки поразени од Ѓер. Дали немањето квалитени мечеви во домашниот шампионат си го зема данокот? (ФОТО)

Вардарки на дебито годинава во ЕХФ Лигата на Шампионите поразени од унгарскиот преставник Ѓер со 22-27, на полувреме беше 10:13 . За жал небевме во можност да парираме на гостинот во текот на цел меч. Се поставува прашањето: Дали немањето квалитена лига домашна или регионална е проблем за црвено-црните. За вардарки денес на повеќе од половина на октомври им е прв официјален дуел, а гостинките имаа до денес дузина официјани предизвици.

Натпреварот започна со силно темпо на двете страни, во кој подобро се снајде гостинскиот тим. Првиот гол го постигнавме во 3 минута, дело на Андреа Лекиќ. Можеби поинаков тек ќе имаше првиот дел, ако Радичевиќ погодеше од контра-напад за наша предност. Тоа не се случи, Унгарките ги искористија нашите грешки и поведоа со два гола разлика 3:5, во 10 минута од мечот. Повторно големи маки ни задаваше нивниот пикер, репрезентативката на Норвешка-Локе. Во нападот темпото го диктираа новите засилувања Томори и Суланд. Токму за овие три ракометарки немавме решение во овој период. Лејно започна на нашиот гол и одбрани колку можеше.  Во нашиот состав Лазовиќ и Зебиќ со ударите од седум метри не дозолуваше противникот да се одалечи на поголема негатива од три погодоци. Сепак повторно во главна улога, Локе го постигнува својот четвтри гол, за најголеми 7:11 во 21 минута, До крајот на првото полувреме, успеавме да намалиме на три гола негатива, со голот на Дамњановиќ. На пауза, Унгарскиот вицепрвак замина со предност од 10:13.

xf

Во вториот дел и ако се очекуваше подобар старт на нашите девојки за жал повторно грешки во нападот следи серија од 3-5 за Ѓер резулатот е 13-18 по само пет минути игра. Кастратовиќ и Питлик бараат минута одмор се со цел да го консолидираат својот тим. Во следните два напада на двете страни  по два гол, резулатското заостанување и понатака е пет погодока. Немањето квалитетни дуели до пред овој меч е повеќе од евидентно две технички грешки во нападот и сурово казнети од гостинките со два гола во 37 минута резулатот е 15-22. По подолг период гол за црвено-црните преку Пенезиќ со чии втор погодок вардарки намалуваат на минус шест погодока. Домаќинките се обидува да намали од негативата, нашата клупа повика тај-маут по кој црвено-црните девојки ја смениа одбраната од 6-0 во 5-1 во обид да се спаси овој меч. Во продолжение гол за гол игра, но  резултската нишалка е неповолна  и секогаш се движи околу 6-7 разлика за унгарскиот вицепрвак. Како се наближува финишот очигледна е немоќта да се фати приклучок и да се направи изненадување на овој деби дуел. Повторно игра со погодоци во двата гола, за нас Пенезиќ стрела и трет пат, Човиќ има дебитанаски погодок за црвено-црните на само 5 минути до крајот на семафорот стои 20-27. Следеше серија од 2-0 за нашите девојки резулатот намален на 22-27, но за жал до крај на мечот имаше само 90 секунди. По две неуспешни акции на двете страни овој резулат беше и конечен.

Најистакнати во нашиот табор во овој пораз беа : Голманката Лејно  на крајот од мечот имаше 14 одбрани, Сокач  постигна 5 гола сите од пенал, Пенезиќ стрелаше 4 пати ,а Дамјановиќ 3 пати ја погоди мрежата на Ѓер.

zg