Македонија на третиот натпреварувачки ден на ЕХФ Шампионатот во Италија издвојува важна победа против силната селекција на Белорусија. Со ова направивме простор за напредок кон полуфиналето, во овој триумф сите девојки дадоа максимум. Стефанија Ѓорѓиевска имаше шест гола, таа беше прв стрелец од игра која воедно го постигна и клучниот гол за победа, при резултат 29-29 погоди за 30-29. Одличните потези не минаа незаабележано, таа го има најубавиот потег и уште еден во најдобрите пет.
*Видеото од топ-5 акциите во кој е потенцирана и радоста на црвено-жолтите дами по победата може да го погледнете на следниот ЛИНК!