Женскиот клуб Вардар викендов ќе ја одигра генералката пред почетокот на новата сезона 2019/2020. Противник во последниот дуел пред Супер лигага ни е тимот на ЖРК Кузман Вардар од населбата Илинден.
За црвено-црните девојки ова е втора контрола пред почетокот на суперлигашката сезона која започнува идниот викенд. Во прелиминарниот меч оваа сезона играме со ЖРК Спартак, дуелот кој се игра на гости. На првиот тест-меч избраничките на Ристова и Црвенковска го совладаат токму тимот на Спартак со резултат 33-21.
Контролката против избраничките на Александра Кузмановска е закажана за во сабота, 7-ми септември. Натпреварот против новиот суперлигаш ќе се одигра во СЦ “Јане Сандански” со почеток од 12.00 часот.