Победници на шестиот по ред турнир „Еден живот, една љубов” во женска категорија е екипата на Делчево Вардар, а кај момците Бисинов Вардар. Турнирот што е во организација на Ракометната академија Вардар годинава се одржуваше во СЦ „Јане Сандански. По крајот на истиот беа доделени и наградите на најдобрите поединци во двете категории:
МОМЦИ:
Најдобар стрелец: Давид Јовчевски од Урдаревски Вардар,
Најдобар играч: Александар Ристовски од Бисинов Вардар
Најдобар голман: Леонид Богданоски од Филип Вардар.
ДЕВОЈКИ:
Најдобар стрелец: Јана Петровска од Делчево Вардар
Најдобар играч: Стефани Ристиќ од Будимир Вардар.
Најдобар голман: Тамара Ѓорѓиевска од Драчево Вардар