Денес, ЖРК Вардар во рамки на 7.коло гостуваше на тимот на Чаир, домаќинот пред овој меч беше на позицијата бр.4 на табелата пред триото кое е без пораз помеѓу кои е и Вардар. Во еден тежок меч, девојките на Ристова, Црвенковска и Царчев потклекнаа во финишот и беа поразени во последните минути со серија 3-0 на домаќинот.
Првиот дел започна со почетни 3-3, двата тима влегоа рамноправно во мечот. Потоа ние бевме тие кои играа подобро на теренот, успеавме да направиме предност од три плус, 5-8. Се играше гол за гол потоа на одмор заминавме со два позитива, на семафорот стоеше 15-17 за црвено-црните девојки.
Вториот дел започна со игра гол за гол, ние го контолиравме мечот беше 17-19, потоа водевме и со 21-24. Се беше одлично за црвено-црните се до резутат 25-27. Во финишот „пропаднавме во црна дупка“, кога требаше рутински да дојдеме до победа против тимот кој прва година игра во лигата ние потфривме. Со серија 3-0, тие во финишот успеаа да дојдат до победа со резултат 28-27.
Седлоска имаше 9 гола, голманките Грујовска и Илиќ имаа по 5 одбрани, Галевска погоди 4 пати.