Двете пионерски екипи на ФК Вардар, денес гостуваа во Тетово, тие одиграа гостински дуели со тимот на ФК Шкендија и на двата меча дојдоа до победи со по три постигнати погодоци.
Помладите пионери триумфираа со два гола предност, тие ја победија Шкендија во Тетово со резултат 1-3. Овој дуел Рап-Тап го започна со овој состав: Тасев, Павлевски, Ричков, Хајдари, Јаневски, Љушев, Стојановски, Стоимов, Перковски, Здравковски, Гуџуфи.
Тргнавме офанзивно, ние атакувavмее на голот на ривалот по првата судиска свирка па дојдовме до ран гол. Во 15.минута, Бесар Гуџуфи донесе предност за скопските црвено-црнити со резултат 0-1. Двата тима имаа прилики за гол, за жал ривалот успеа во 30.минута да ја анулира нашата предност, тие изедначија на 1-1. Сепак во финишот повторно Бесар Гуџуфи беше таличен за домаќинот погодувајќи за 1-2, резултат со кој се замина на одмор.
Напаѓавме и во вториот период на оваа средба, сакавме да постигнеме гол со цел да ја обезбедиме победата на овој дуел за момци во лигата за пом.пионери. Успеавме во финишот да поведеме со два гола, за нас стрелаше Попов Горазд. Тој во 84.минута ги постави конечните 1-3, резултат кој за заврши мечот.
Пионерите исто така како и помалите колеги дојдоа до гостинска победа кај Шкендија. Момците на Драган Стефановски-Гаге успеаа да победат со резултат 2-3 на ова гостување.
Вардар: Стојковски, Јовановски, Ѓоргоски, Сељанац, Живков, Давидовски, Стојановски, Мирков, Тасевски, Трпезаноски и Ѓорѓиевски.
Тргнавме офанзивно и на оваа средба, по првата третина од првиот дел водевме со два гола. Веќе во 2.минута, Тасевски Петре погоди за 0-1 и наша радост. Атакуавме на удвојување на предност, нашата добра игра беше наградена со погодок за предност со 0-2 на овoj дуел. За нас стрелаше Стојановски Георг во 14.минута. До крајот на првиот дел домаќинот успеа да намали на 1-2, резултат со кој се замина на одмор.
Во вториот дел ние нападнавме, со цел да ја вратиме предноста од два погодока. Успеавме во 80.минута да поведеме со 1-3. Стрелец за голот кој најавуваше победа за нас беше Мирков Антонио. Домаќинот успеа до крајот само да ублажи на 2-3. Во вториот дел тренерот им даде прилика за настап и на: Марковски и Исмаиљи.