Селекторот на Црнагорската репрезентација Драган Аџиќ го објави поширокиот список на ракометарки, на кои ќе може да смета за претстојното светско првенство. Во периодот од 5-20 декември, Данска ќе биде домаќин на ова големо натпреварување во женска конкуренција.
На списокот ракометарки очекувано се најдоа три играчи, кои настапуваат за екипата на Жрк Вардар. Крилата Јованка Радичевиќ, Итана Грбиќ и Андреа Кликовац која игра главно во одбраната ќе бидат дел од поширокиот список на кои ќе може да смета Аџиќ за подготовките на ова светско првенство. Црна Гора се наоѓа во групата А, заедно со домаќинот Данска, Унгарија, Србија, Јапонија и Тунис. Ќе гледаме интересен дуел на две репрезентации во кои настапуваат ракометарки на Вардар. Тоа ќе биде натпреварот помеѓу Ц. Гора и Србија за која ќе настапат Лекиќ и Дамњановиќ.