Пионерите на ФК Вардар дојдоа до победа на домашен терен, во дерби средбата со тимот на Пелистер. Црвено-црните триумфираа со резултат 6-0 (2-0).
Вардар: Јовчев, Јованоски, Стојчевски, Сељанац, Ѓоргоски, Живков, Давидовски, Стојановски, Мирков, Трпезановски и Ѓорѓиевски.
Први на оваа средба се заканиа зелено-белите, тие упатија удар на нашиот гол сигурен беше Јовчев Гоце. Потоа ние имавме приликаи две преку Георг Стојановски кои не ги претворивме во погодок. Ние имавме удар над голот и преку Стојчевски Андреј, поседот беше во нашите нозе прашање на време беше кога ќе отвориме со гол. Стојановски Георг успеа да биде најприсебен пред голот на Пелистер, тој доби топка од Мирков и успешно стрелаше за 1-0. Асистентот на првиот погодок, Мирков успеа да ја удвои предноста на црвено-црните пионери. Нашиот играч погоди за висока предност со 2-0. До крајот имаше две прилики за одбележување, една на гостинот кој шутна крај голот на Јовчев. Во следната Мирков Антонио шутна крај голот.
Вториот дел започна како и првиот со наша теренска иницијатива. Ние бевме тимот кој доминираше на теренот, сепак прва прилика имаше екипата на Пелистер во овој дел. Повторно Гоце Јовчев беше на висина на задачата на нашиот гол. Голема прилика за гол имаше Стојчевски, неговиот удар заврши крај десниот директ од голот на зелено-белите пионери. Погодивме за 3-0 преку Мирков Антонио, тој доби топка во фор го мина голманот и погоди за 3-0. Веднаш потоа токму тој впиша нова асистенција. Прекрасно го пронајде Георг Стојановски кој немилосрдно стрелаше за удвојување на предноста од првите 45.минути. Нашиот напаѓач погоди за висока предност на дербито со 4-0. Ние и по погодоците имавме повеќе од играта на оваа средба. Мирков денес беше одличен, повторно влезе во шанса и повторно стрелаше овој пат за “петарда”, односно 5-0. Печат на победата стави Стојановски со голот за конечните 6-0.