Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ангела Карчева: Верувам во моите соиграчи и се надевам дека оваа сезона ќе си ја вратиме титулата
Ангела Карчева: Верувам во моите соиграчи и се надевам дека оваа сезона ќе си ја вратиме титулата

Ангела Карчева: Верувам во моите соиграчи и се надевам дека оваа сезона ќе си ја вратиме титулата

Во недела со почеток од 17:30 часот во спортската сала во Автокоманда, ќе се одигра дерби дуелот во рамките на 4 коло од младинската лига, помеѓу женските екипи на Вардар и Металург. Двата тима имаат максимален број на победи, вкупно три на стартот од новата сезона. Овие дуели, најверојатно ќе го одлучат шампионот во оваа конкуренција. Од тука и големото значење на овој меч за нашите девојки. Ангела Карчева од редовите на Вардар се наоѓа во одлична форма, во изјава за нашиот сајт ни ги споделува очекувањата за овој натпревар.

-Како и секој спортист мислиме позитивно и се надеваме на победа. Ова е голем предизвик за целата екипа. За нас е најтешка утакмица во лигата. Атмосферата во екипата е одлична и долго се спремавме за овој натпревар. Со оглед на тоа дека играме во гости мечот ќе биде уште потежок. Сметам дека секоја од нас е подготвена да го даде својот максимум. Верувам во моите соиграчи и се надевам дека оваа сезона ќе си ја вратиме титулата. Не смееме прерано да се радуваме на победа и не треба да ја изгубиме нашата самодоверба, изјави Ангела Карчева за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски