Прво место за кадетките на Жрк Вардар е епилогот од завршениот турнир-Вардар“еден живот,една љубов, кој во периодот од 14-18 јануари се играше во Скопје.Тие на крајот беа најдобри во својата генерација,со пресврт во финалниот натпревар против екипата на Велкова 5.
1.ЖРК Вардар-Рк Вардар ДБ 20:0
2.ЖРК Вардар-Рк Илинден Вардар 18:2
ФИНАЛЕ:ЖРК Вардар-Рк Велкова 5 15:10
-Турнирот беше добро организиран,имам позитивни впечатоци,имавме одлични услови за игра.Натпреварите се играа во повеќе сали со што имавме доволно време и за загревање.Што се однесува до мојот тим,задоволна сум од нашата игра,иако имавме многу грешки,игравме тимски и се боревме до последна секунда.И секако нашиот труд се исплатеше на крајот,ја остваривме нашата цел,го завршивме турнирот прво пласирани и најдобрите беа наградени.
Моника Георгиевска се најде во идеалниот состав на турнирот,и беше избрана за најдобар десен бек.
-Многу сум горда и на моите соиграчи што се најдоа во најдобрите поединци на турнирот исто како и мене.Иако јас не ја очекував наградата,сепак сум пресреќна и задоволна од мојот придонес за екипата.Ова е само дополнителен мотив за мене за идни успеси,изјави Моника Георгиевска за нашиот сајт.
18.10.2015
Звонко Ивановски