Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прв сениорски „час“ за Грујовска и Дамјаноска, А-селекцијата на собир во Куманово
Прв сениорски „час“ за Грујовска и Дамјаноска, А-селекцијата на собир во Куманово

Прв сениорски „час“ за Грујовска и Дамјаноска, А-селекцијата на собир во Куманово

Сакајќи   да  им даде прилика да добијат поголемо искуство и побрзо да можат да се вклучат во сениорскиот тим на Македонија, селекторот Симе Симовски во декември предвиде  собири. На  истите  ги повика ракометарките на кои смета во иднина да бидат стандардни во сениорскиот тим.

Лигашкиот дел во женската Супер лига е зад нас, веќе девојките немаат клубски обврски околу натпреварите. Вчера во Куманово беше оддржан првиот ваков собир, девојките ќе работат и за викендов. Следниот е предвиден идниот викенд во главниот град. Пред се ќе се работи на психо-физичка подготовка на ракометарките. Првиот „сениорски час“ го имаа дебитантите на списокот, две надежни вардарки.

g2

Најмладата во составот, перспективниот голман,  Симона Грујоска вчера првпат беше на сениорски собир.  Првиот голман на кадетскиот состав  на Македонија, со инспиративните игри во Италија и во домашното првенство се „квалификуваше“ да биде пикирана како идниот „чувар на мрежата„ на сениорската црвено-жолта селекција. Таа во константа покажува завиден квалитет и најавува атак на местото помеѓу стативите на сенириорскиот државен тим.

g5

Исто така прв пат на сениорски настан беше и пикерот на црвено-црните, Катерина Дамјаноска. Девојка која доста напредна во есенскиот дел, која прикажа допадливи игри на позицијата пивот во офанзива и дефанзива. Исто така беше дел од кадетската селекција во Италија, постојано има напредок во своите настапи во клубскиот и државниот дрес.

g

Тука е и бекот Милица Николиќ, таа е повозрасна и поискусна ракометарка, па веќе има настапувано за А-селекцијата. По паузата поради повреда и операциониот зафат летово, корпулентниот бек  имаше одличен кам-бек во црвено-црниот тим. Повикани за овој собир беа и  девојките кои беа на турнирот во Анталија, бекот Андреа Седлоска и  пикерот Иванa Џатевска.

g4

Седлоска има повреда на лигамените на коленото па предвидена и е пауза. Пикерот Џатевска има повреда на стапалото која ја “заработи“ по еден пожртвуван пад во напад  на мечот со Металург во 12.коло од женската Супер лига.

g3