Прво место за кадетките на Жрк Вардар е епилогот од завршениот турнир-Вардар“еден живот,една љубов, кој во периодот од 14-18 јануари се играше во Скопје.Тие на крајот беа најдобри во својата генерација,со пресврт во финалниот натпревар против екипата на Велкова 5.
Резултатите кои ги постигнаа на самиот турнир:
1.ЖРК Вардар-Рк Вардар ДБ 20:0
2.ЖРК Вардар-Рк Илинден Вардар 18:2
ФИНАЛЕ:ЖРК Вардар-Рк Велкова 5 15:10
-Премногу сум среќна и полна со желба за игра,бидејќи прв пат во овие мои шест години откако играм ракомет,имаме наш турнир на кое сме ние претставници.Нема ништо поубаво и поемотивно од ова име што го дадоа. ,,Вардар-еден живот,една љубов,,.Секоја од нас имаше задача и истата ја исполни,ги браневме боите на овој тим.Дадовме се од себе и секоја утакмица ја игравме како да ни е последна.Без разлика на девојчињата со кои игравме,ниедна од нив не ја потценивме.
Сандра Стамова ја доби наградата за најдобар пикер на турнирот.
-Бевме многу пријатно изненадени и пресреќни откако четири од моите соиграчи земаа награда за најдобра позиција.Меѓу нив бев и јас, во која земав награда за најдобар пикер на турнирот.
Сите учесници на крајот беа воодушевени од самата организација.
-Најмногу од се сум им благодарна на организацијата и на нивниот гест што им подарија подароци на вработените во спортска сала Кале, и на обезведувањето. Премногу сум среќна со тоа што успеавме да ги исполниме трибините,изјави Сандра Стамова за нашиот сајт.
19.01.2015
Звонко Ивановски