Денес, недела, тимот на РК Вардар ќе го одигра последниот меч за оваа календарска година. Во рамките на СЕХА-лигата, гостуваме во Нашице, кај екипата на Нексе натпреварот ќе се игра со почеток во 17-00 часот.
На овој меч, ќе настапиме со тимот на Вардар Јуниор, што значи дека шанса ќе добијат младите играчи, кои од клупата ќе ги предводи Стојан Петрушевски. Поопширно за списокот може да прочитате на нашиот сајт ТУКА
Од овој натпревар Македонската радио и телевизија ќе врши директен пренос. Овој дуел може да го гледате на собранискиот канал.