Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Распоред за мечевите на двете машки и едната женска екипа на “Турнирот Илинден 2019“
Распоред за мечевите на  двете машки и едната женска екипа на “Турнирот Илинден 2019“

Распоред за мечевите на двете машки и едната женска екипа на “Турнирот Илинден 2019“

Ви го носиме распоредот за “Младинскиот ракометен турнир Илинден-2019“ каде ние ќе настапиме  со две машки и една женска екипа. Истиот се игра од  20-ти до  22.декември во скопската населба Илинден во салата “Гоце Делчев“ во огранизација на РК Илинден Вардар, тим во кој работи брачниот пар Јаневи, Дарко и Александра.

Во машка категорија ќе има две групи по пет тима, од кој најдобрите две екипи во двете групи ќе играат во полуфиналето. Предвидено е во групната фаза да играат 2х20.минути, а во полуфиналните и финалните дуели 2х30.минути. Двете екипи на Вардар настапуваат во посебни групи. Групите може да ги пронајдете на нашиот сајт ТУКА!

Кај девојките ќе се игра 2х15.минути еден натпревар. Тимот на РК Шампион се откажа од учество па има четири учесници. Ќе одиграме три меча, односно по еден дуел секој од тритте натпреварувачки денови. Шампионот во оваа категорија ќе биде тимот кој ќе освои највеќе бодови во групата од четири екипи учесници.

raspored

 

* Црната линија го дели мечевите по денови, дуелите на дамите се обележани со розева боја на списокот.