Веќе неколку пати донесовме статии за тоа дека клубот за Реално Аикидо „Вардар’ доби „нов дом“ на Ул.Козле бр.20, прекрасен и функционален простор. Бидејќи не е така секојдневна работа еден вардаров клуб да добие сопствен простор, со што добива на „тежина“ и си ја загарантирува иднината на спортското небо. За убавината на новиот простор и можностите за тренинг и запишување може да се информирате на нашиот сајт ТУКА
Покрај просторот една од најсилните каракеристики на овој Вардар е високиот степен на стучност која ја има тимот. Дури седум мајстори има црвено-црниот Р.Аикидо клуб, нешто што е е за секоја пофалба. Имавме прилика сами да се увериме како е тоа на дело, четири млади мајстори одлично работеа со надежите, под „будното“ око на Антоан Диневски, кој со својата заразна харизма, строгост кон почитувањето на техниките, акумулирано знаење, љубов кон ралното акидото, стручност и едуцираност која ја стекнал во земјава и во странство, дава посебна драж на овие тренинзи.
Тој успева да направи одличен баланс помеѓу потребите на помладите членови и перформансите кои ги бара од своите мајстори во работата со нив, создавајќи пријатна атмосфера за напредок на сите нив. Доста труд има вложено оваа половина деценија во создавањето, развивањето, етаблирирањето на Вардар на Р.Аикидо сцената, во последната фаза успеа да му обезбеди на клубот и сопствен “дом“. Посебни честитки за целиот негов безрезервен ангаржман од редакцијата на Вардар фанс.
Ние бевме присутни на еден тренинг во новиот дом од кој ви донесовме фотогалерија како се работи, истата може да ја најдете на нашиот сајт -ТУКА. Своите вештини ни ги презенираа мајсторите на клубот кој работеа со младите надежи. Во продолжение фотогафии од црвено-црните мајстори:
Антоан Диневски 2ри дан->
Бојана Диневска 2ри дан->
Андреа Диневска 1ви дан->
Антонио Дамјановски 2ри дан ->
Јосиф Грујоски 1ви дан->
Јаков Ивчевски 1ви дан->
Драгана Јовановиќ 1ви дан->