Saturday ,21 September 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Жрк Вардар подобри од Вардар-Неготино
Кадетките на Жрк Вардар подобри од Вардар-Неготино

Кадетките на Жрк Вардар подобри од Вардар-Неготино

Во саботата беше одигран натпреварот помеѓу кадетските екипи на ЖРК Вардар-Скопје и ЖРК Вардар-Неготино. По поразот од Вардар Јуниор, ЖРК Вардар-Неготино претрпе уште еден неуспех. Овој пат избраничките на Анжела Платон беа убедливи во текот на целиот натпревар за разлика од минатата утакмица со Кичево , сега одиграа одличен меч со огромна доминација која на крајот резултираше со заслужена победа.

На самиот почеток имавме прво водство од 2 разлика , за потоа Вардар-Неготино да го постигне својот прв погодок во натпреварот.( 1 :2). Следеше првото израмнување во натпреварот со 2:2 , за потоа ракометарките на ЖРК ВАРДАР-СКОПЈЕ да направат серија од три погодоци ( 2:5). На тоа противничкиот тим одговори со само еден гол.(3 : 5) Следната серија на црвено-црните броеше 4 гола и истата ги одалечи од противничкиот тим (3:9) . Потоа се играше гол за гол,се додека нашите ракометарки повторно не направија серија од 4 гола која го означи и крајот на првото полувреме со резултат од 13 : 5 во наша полза.

Второто полувреме го започнавме со позитивен резултат .Но сепак првиот гол во ова полувреме го добивме од противничкиот тим. ( 6 :13) . Следеа два гола од нашата екипа (6 : 15 ) и повторно гол од ВАРДАР-НЕГОТИНО ( 7 : 15 ) . Следната серија на црвено црните всушност беше и уште показател дека овој натпревар ни припадна токму нам. Незапирливи ВАРДАРКИ доминираа речиси цело време со серијата од 8 гола ( 7:23) .На тоа екипата на Вардар Неготино одговори со два гола еден по друг ( 9 : 23 ), а потоа следеше низа од 6 гола на нашите ракометарки ( 9 :29). Во завршниот дел од натпреварот се што остана беше уште еден гол на тимот од Неготин0 и нашиот тим кои уживаа во водството и секако погодуваа во мрежата на противникот. На крајот Вардарки славеа со резултат од 10:31. Оваа победа можевме да ја предвидиме уште во првото полувреме.

Најефикаснa во нашиот состав беше Неловска Анастасија со постигнати 11 гола , по неа Цветковска Ива со 7 погодоци , Диневска Бојана(5), Танчева Марија (3) , додека пак со по еден погодок се запишаа : Taневска Кристина , Марковска Александра , Стојчевска Тамара, Ристевска Ивана и Ивановска Елена.

ЖРК ВАРДАР- СКОПЈЕ : Нелоска Анастасија 11 , Тутиќ Лејла , Цветковска Ива 7 , Ивановска Елена 1 , Диневска Бојана 5 , Ристовска Кристина , Танчева Марија 3 , Ивановска Ивона , Ристевска Ивана 1 ,Стојчевска Тамара 1 , Буцевска Деспина , Ацевска Викторија , Марковска Александра 1 ,Таневска Кристина 1 , Ивановска Марија и Јакимовска Валерија .

ЖРК ВАРДАР-НЕГОТИНО : Мантева Десанка , Николова Слободанка , Ташева Драгана 2 , Мирчева Олгица , Кабранова Љубица , Маркова Жанета 1,Јованова Ивана , Илиевска Александра Андова Виолета , Бојаџиева Матија , Кавазовска Благица , Стојкова Елена ,Филева Тања , Кабранова Марија , Ризова Рената 3 , Петрова Катерина 4 .

Текст: Марија Тодосова