Младите девојки од пионерскиот тим на ЖРК Вардар ги „трошат“ последните денови од одморот. Тие лани ја завршија годината со настап и Пехар на турнирот „Илинден-2019“ по кој добиа одмор се до идниот понеделник.
Анжела Платон и Марија Папуџиева на 13-ти јануари (понеделник) во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје ќе го имаат првиот собир и ќе означат старт на зимските подготовки. Пред девојките е голем предизвик, да ги одбранат оваа пролет двете титули кои се во нивни посед, пионерската и кадетската. Имаат брилијантна есен, лидери се во двете конкуренции со 14.победи од исто толку одиграни натпревари. Ова се првите кола за нив оваа пролет:
Пионерки: Вардар-Велкова-5 29.02/01.03.2020
Кадетки: Ѓорче Петров-Вардар 11.04/12.04.2020