На третиот „Свето Савски турнир “ екипата на ЖРК Вардар дојде до пехарот и златните медали. Девојките на Платон и Папуџиева беа најдобри на собирот во Крагуевац кој се одигра изминатиот викенд. Најдобриот играч на овој турнир, според организаториот на истиот е Бојана Коцева. Таа ни дава кратка оценка за настапот на тимот:
*Ова ни беше прво учество на овој турнир во Крагуевац, па со самото тоа прв пат се сретнавме со екипите на РК Раднички од Крагуевац и Медицинар од Шабац. Ново и позитивно искуство е зад нас, од овие средби кои ги одигравме и по кој дојдовме до успех. Задоволни сме како тим со нашата игра, но како што се вели секогаш може и подобро да се преставиме. Пехарот заслужено дојде во нашите раце-вели вардаровиот бек.
Од првиот нејзин настап па до сега, на серија доделувања таа е дел од идеалниот тим или понесува награда за најдобар поединец. Огромен број на награди само потврдуваат дека таа е лидер на овој тим, Бојана секогаш игра на високо ниво. За наградата во Крагуевац има доста интересен став, со кој покажува дека не е само голем играч, туку и зрела и карактерна личност. Таа вели:
*Кога сме кај признанието за најдобар играч, иако мене ми беше доделена наградата, сите од тимот разговаравме и дојдовме до еден друг заклучок. Дека истата награда требаше сосема заслужено да и биде доделена на Борјана Коцева, која со своите игри се истакна на овие дуели и заслужи истата да заврши во нејзините раце-завршува Коцева Бојана.