Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Пет играчи од Вардар ќе настапат за Македонија У19 на контролните дуели со Азербејџан
Пет играчи од Вардар ќе настапат за Македонија У19 на контролните дуели со Азербејџан

Пет играчи од Вардар ќе настапат за Македонија У19 на контролните дуели со Азербејџан

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години во периодот од 23. до 28. јануари во Анталија ќе одигра два подготвителни натпревари против Азербејџан.

За овие мечеви, селекторот на Македонија, Шкумбин Арслани повика и неколку играчи од редовите на Вардар. Се работи за Кристијан Китановски, Леонид Игнатов, Виктор Крстевски, Дамјан Трајановски и Азер Омерагиќ. Освен голманот Китановски, сите останати се наоѓаат на подготовки со првиот тим во Анталија, но со оглед дека и мечевите со Азербејџан ќе се одиграат во Анталија, вардаровите играчи ќе се стават на располагање на селекторот за овие дуели.

Првиот натпревар се игра на 25. јануари од 15:00 часот, а два дена подоцна е вториот натпревар на теренот Каја во Белег.